Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кирил Хомиаков од Binance за новиот историски максимум на Биткоинот

by
2025-05-22
in Uncategorized

На 22 мај 2025 година, Биткоин достигна нов историски максимум, надминувајќи ја границата од 111.000 долари. Овој настан претставува важен пресврт за криптоиндустријата и потврда за растечкиот интерес на инвеститорите кон дигиталните средства како одржлив елемент на модерниот финансиски систем.

Со овој нов врв, пазарната капитализација на Биткоиннадмина 2,165 трилиони долари, а неговиот удел во вкупната крипто пазарна капитализација достигна 63%, овозможувајќи му на BTC да го надмине Amazon и да влезе во топ 5 најголеми средства во светот. Вкупната криптопазарна капитализација се искачи на 3,54 трилиони долари. Дневниот раст на вредноста на BTC надмина 4%, што исто така ја одразува зајакнатата позиција на криптовалутата во глобалната економија.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Кирил Хомиаков, регионален директор за Централна и Источна Европа и Централна Азија во Binance, истакнува: „Не го гледаме овој раст како краткорочен скок, туку како резултат на долгорочни промени во структурата на пазарот. Влезот на големи институционални инвеститори и примената на стратешки пристапи значително го менуваат начинот на кој се перцепира Биткоинот. Тој повеќе не е алтернативна актива, туку основа на нова финансиска парадигма“.

Важен аспект е што сегашната динамика на раст се базира на цврсти технички и фундаментални основи. Аналитичарите од CryptoQuant забележаа зголемување од 3 милијарди долари во реализираната капитализација на Биткоин за само 24 часа — бројка што може да укаже на почеток на одржлив „bullish“ импулс. За разлика од претходните циклуси, овој пат главни двигатели се институционалните инвеститори и долгорочните стратегии.

Големи играчи како MicroStrategy, Metaplanet и Twenty OneCapital активно ги зголемуваат своите резерви на Биткоин. Само Strategy неодамна купи 7.390 BTC, со што нејзините вкупни средства достигнаа 576.230 BTC. 

„Веќе не зборуваме за шпекулативни циклуси. Сведоци сме на влез на капитал што доаѓа со јасна стратегија – преку методи како што се просекување на цената во долари и долгорочно планирање на портфолиото. Ваквата стабилна динамика го поддржува растот на цените и ја намалува волатилноста, што е клучно за довербата на пазарот“, додаваХомиаков. 

Постигнувањето на нов историски максимум доби дополнително симболично значење со тоа што се совпадна со Bitcoin Pizza Day — денот кога пред 15 години се случи првата реална трансакција со Биткоин. Оттогаш, овој датум служи како потсетник колку далеку е дојдена индустријата — и колку високо може да порасне нешто што еднаш чинело само неколку долари.

„Во Binance, ваквите настани не ги гледаме само како пазарни индикатори, туку и показатели за зрелоста на крипто индустријата и зголемената доверба од милиони корисници ширум светот. Ги гледаме тековните трендови позитивно и забележуваме знаци на формирање на одржлив тренд на раст — Bull Market. Под овие услови, сосема е возможно пазарот повторно да ги надмине своите историски врвови“, заклучува Хомиаков.

Previous Post

Битола: Започна повторно асфалтирање на улиците „Бурса“ и кај „Блис“ на трошок на изведувачите

Next Post

Индексот МБИ10 под притисок – 22.05.2025

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Индексот МБИ10 под притисок – 22.05.2025

Recommended

Европа се подготвува за војна? Пет европски држави за повлекуваат од важен договор

Европа се подготвува за војна? Пет европски држави за повлекуваат од важен договор

7 months ago
Запленети МЕРИОТ И ОФИЦEРСКИОТ ДОМ на ПЛОШТАД во истрагата за случајот „ИМПЕРИЈА“

Запленети МЕРИОТ И ОФИЦEРСКИОТ ДОМ на ПЛОШТАД во истрагата за случајот „ИМПЕРИЈА“

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.