Пекинг го претстави прототипот на нова летачка платформа — беспилотно летало Jiu Tian SS-UAV, опишано како „воздушен носач на дронови“, кое, според кинеските медиуми, има капацитет да носи повеќе од 100 беспилотни летала или околу 1000 килограми муниција. Воздушното возило има распон на крилјата од 25 метри, автономија од 7000 километри и може да лета на висина од околу 15 километри.
Презентацијата на Jiu Tian дојде преку компјутерска анимација, објавена од кинеските државни медиуми. Но, наместо восхит, на Западот предизвика низа саркастични и критички коментари.
It’s OVER!
China is set to launch its first drone mothership next month! The Jiutian SS-UAV has a wingspan of 25 meters and a maximum take-off weight of 15 tons.
It can cruise at 15 km altitude and has a range of 7000 km! This mothership will carry over 100 FPV drones, all… pic.twitter.com/8CnmrGssox
— Dominic Lee 李梓敬 (@dominictsz) May 19, 2025
Западните реакции: „Огромна мета за ракети“
Американски воени аналитичари и корисници на платформата X (поранешен Twitter) се надоврзаа со подбив. Еден поранешен пилот на американското воено воздухопловство напиша:
„Ова е како да се обидувате да влезете незабележано во непријателски воздушен простор со KC-10 за полнење гориво. Огромен магнет за ракети. Класична пропаганда.“
Друг корисник коментираше: „Ова летало не би можело да преживее ниту една минута во воздушен простор под надзор на интегриран противвоздушен систем (IADS). Јасно е – големо, бавно и без никаква невидливост.“
Кинеските медиуми тврдат дека се работи за „мирна технологија“
Кинеските медиуми ја претставуваат технологијата како „мирољубива“ воена иновација, на што реагираа иронично и скептично бројни коментатори:
„Сигурно е утешувачки за Тајван да знае дека Кина не планира воени напади врз други земји“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Слободните луѓе на демократски Тајван сигурно се воодушевени од оваа вест.“
Првиот лет планиран за крајот на јуни
Леталото Jiu Tian (во превод: „небеска висина“) беше најавено уште во ноември минатата година, за време на воздушниот саем во Жухај. Според најавите, неговиот прв тест-лет е планиран за крајот на јуни.
И покрај амбициозните тврдења, критичарите остануваат скептични за неговата ефикасност во вистински борбени услови, особено против модерните западни противвоздушни системи.






