Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Дали шведската коронавирусна стратегија конечно ги замолкнува скептиците?

by bulevar_com_mk_4dm1n
2020-09-06
in Uncategorized
Дали шведската коронавирусна стратегија конечно ги замолкнува скептиците?

Шведската стапка на новозаразени од коронавирусот, која беше далеку над стапката на скандинавските соседи што се одлучија за карантин, сега е во драматичен пад и првпат од март е пониска од таа во Данска и Норвешка, пишува британски Телеграф.

Шведска од една од земјите со најмногу заразени во Европа стана една од оние со најмалку заразени во Европа, додека многу други земји забележаа прилично драматичен пораст“, рече неделава на прес-конференција Андерс Тегнел, главниот државен епидемиолог во земјата.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според податоците доставени до Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ), Шведска минатата недела регистрирала во просек по 12 нови случаи на милион луѓе, во споредба со 18 во Данска и 14 во Норвешка.

Бројот на починатите во моментов е во просек два до три на ден, што е повеќе од над стоте смртни случаи на ден што Шведска ги имаше во средината на април.

Стокхолм, центарот на шведската пандемија во април и мај, минатата недела забележа најмал број нови случаи од март.

Данска истовремено забележа 179 нови случаи во петокот, што е најголем дневен број по повеќе од четири месеци.

Покрај тоа, минатата недела еден тест на 2.500 случајно избрани луѓе откри дека ниедно лице нема активна инфекција на ковид-19, во споредба со 0,9 проценти вакви случаи кон крајот на април и 0,3 проценти кон крајот на мај.

„Ние тоа го толкуваме како во моментов да нема широка инфекција меѓу луѓе што немаат никакви симптоми“, изјави заменичката на доктор Тегнел од шведската Агенција за јавно здравје Карин Тегмарк Висел, објавувајќи ги резултатите во четвртокот.

Подобрената слика секако е олеснување за застапниците на шведската помалку рестриктивна стратегија во борбата против коронавирусот, кои во мај мораа да се бранат бидејќи минуваа низ период кога Шведска имаше најголема стапка на смртност по жител во светот.

За разлика од Данска и Норвешка, Шведска никогаш не воведе карантин, оставајќи ги градинките, повеќето училишта, барови, ресторани, продавници и канцеларии отворени за време на пандемијата. Шведската Агенција за јавно здравје, која ја одредува стратегијата за борба против вирусот, процени дека е подобро да се потпрат на доброволни мерки на социјално растојание и самоизолација, кои може да се применуваат подолго време.

„Сега гледаме дека таквата одржлива политика побавно дава резултати, но на крај ги дава“, рече д-р Тегнел. „А ние се надеваме и дека резултатите ќе бидат постабилни со текот на времето.“

Падот на бројот на случаите во Шведска доаѓа во време кога многу европски земји што воведоа строги карантини за контрола на пандемијата се борат со нов пораст на случаите, кои се резултат на повторното отворање.

Во исто време, низ цела Европа растат протестите против мерките, што ќе го направи политички тешко повторното воведување карантин, ако дојде до тоа.

Говорејќи на шведската телевизија, д-р Тегнел рече дека тој верува дека бабите и дедовците во Шведска, на кои им беше советувано да останат изолирани и да избегнуваат близок контакт со своите внуци и деца, сега треба да можат непречено да го слават Божиќ со своите семејства.

„Мислам дека најверојатно е можно да го прославиме Божиќ понормално отколку што првично мислевме дека можеме“, рече Тегнел, иако им советуваше на семејствата „добро да размислат“ и да осигурат „разумни протоколи“ за одржување физичка дистанца, па дури ако треба и да изнајмат попространа локација.

Досега Шведска има забележано 5.832 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, што е шестпати повеќе отколку во Данска (627) и Норвешка (264) заедно. Ова значи дека Данска и Норвешка мора да претрпат неколку серии нови појави на жаришта за стапката на смртност по жител да достигне бројка слична на таа во Шведска.

Шведска прави и помалку тестови по жител од Данска и Норвешка, во просек 1,2 теста на 1.000 луѓе според податоците од крајот на минатиот месец, споредено со 2,2 во Норвешка и 5,9 во Данска.

Сорен Риис Палудан, професор на Данскиот универзитет Архус, специјализиран за вирусни инфекции, рече дека смета дека неодамнешниот пораст на случаите во Данска е предизвикан од почестото тестирање во земјата.

„Беше прерано“, додаде тој, „за да се процени до кој степен имунитетот ѝ носеше предност на Шведска“.

„Ако имунитетот сè уште е во помали проценти, тогаш тоа нема да помогне толку многу“, рече тој.

„Но во споредба со Норвешка и Данска – каде што имаме многу малку случаи – тоа може да помогне. Можеме само да почекаме и да видиме дали тешките времиња што ги помина Шведска ќе ѝ помогнат во наредниот период“.

Сè уште се поставуваат прашања во врска со првичната надеж на Шведска дека со помалку рестриктивната политика во борбата против вирусот ќе се стекне побрз имунитет на самиот вирус.

Во четвртокот шведската јавноздравствена агенција објави нови испитувања на нивоата на антитела кај дарителите на крв, кои покажаа дека процентот на антитела на национално ниво полека се зголемил од март, достигнувајќи околу седум проценти од населението до крајот на јуни и близу дванаесет проценти во Стокхолм.

Во Ринкеби-Киста, најтешко погоденото предградие на Стокхолм, антитела имаат дури 18 проценти од 530-те луѓе на возраст од 16 до 69 години што прифатиле да бидат тестирани.

Тегнел рече дека проблемот да се најде репрезентативна група за испитување на антитела ја направил „крајно комплицирана“ процената на имунитетот кај популацијата.

Previous Post

Дали е случајно? : Сите влади во светот нарачале опрема и тестови за Ковид дури во 2018

Next Post

Нови снимки од млади кои се журкаат во Скопје без почитување на протоколите – ќе има ли кривични пријави?

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Нови снимки од млади кои се журкаат во Скопје без почитување на протоколите - ќе има ли кривични пријави?

Recommended

Откриени тајните на луѓето кои живеат над 100 години: Секој ден ги прават овие работи

Откриени тајните на луѓето кои живеат над 100 години: Секој ден ги прават овие работи

9 months ago

Добитници на Битов Стипендијата 2024 за Македонско Наследство

1 year ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.