На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик. Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со Џ.Д.(36) од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Д.. СВР Охрид, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава. Јавува СВР Охрид
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






