Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се стреми кон долгорочен мир како краен резултат од специјалната воена операција во Украина, што, според него, ќе ја гарантира безбедноста на руската држава и ќе ги заштити интересите на рускојазичното население во Украина.
Во интервју за руската државна телевизија, Путин нагласи дека Русија располага со доволно сили за да ја заврши војната со посакуван исход.
„Целта е да се отстранат причините што доведоа до кризата, да се создадат услови за траен и стабилен мир и да се обезбеди сигурноста на Руската Федерација“, изјави Путин, пренесуваат руските медиуми.
Тој посочи дека заштитата на интересите на луѓето кои зборуваат руски и кои се чувствуваат поврзани со Русија останува еден од клучните приоритети.







