На 16.05.2025 во 19.00 часот во СВР Тетово, 59-годишник од Тетово пријавил дека од В.К.(46), во присуство на С.С.(47), двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра. Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години сѐ до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два станови, од кои еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил под залог со нотарски акт за долгот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







