Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите, заканувајќи се дека ќе скокне. За време на својот говор од покривот, Хојвик им порача на минувачите дека не осудува никого, дури ни премиерот Роберт Голоб, но истакна дека „она што го прават со оваа земја не е исправно“. Во еден момент, тој се закани дека ќе скокне, предизвикувајќи загриженост кај присутните..
Пожарникарите пристигнаа на местото со скали и по некое време, Хојвик изјави дека е подготвен да слезе од покривот со нивна и со помош на полицијата. По настанот, пратеничката група на СДС се извини и побара разбирање од јавноста. „Искушенијата што ни ги наметнува животот понекогаш се премногу тешки. Ве молиме за разбирање и сочувство. Ви благодарам!“, се наведува во соопштението.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






