Страшни сцени доаѓаат од турскиот град Османие, каде обилните дождови предизвикаа катастрофални поплави што го зафатија регионот Кадирли. На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од надојдени води кои носат сè пред себе, додека жителите во паника бараат засолниште.
„Кијамет! Боже, задржи ја раката Твоја!“, се чита во коментарите на очајните граѓани, кои во страв за своите животи споделуваат слики и видеа од уништувањето.
Спасувачките екипи се на терен, но водата брзо расте, а ситуацијата се влошува од час во час. Властите повикуваат на максимална претпазливост и евакуација во ризичните зони.
Оваа природна катастрофа повторно го покренува прашањето за климатските промени и потребата од подобра инфраструктура за заштита од екстремни временски услови.
Погледнете го видеото во продолжение:
![[ВИДЕО] Кијамет во Турција: Страшни поплави ја пустошат Османие – народот моли за спас!](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-16-125621.png)





