Турција со нов закон: Казни за патници што стануваат пред време од авион
Турција воведува нов закон со кој ќе се санкционираат патници во авион што го откопчуваат безбедносниот појас и стануваат од седиштето пред пилотот официјално да даде дозвола.
Законот е инициран по бројни жалби од патници кои ги почитуваат правилата, но се вознемирени од оние кои стануваат веднаш по слетувањето, уште пред авионот целосно да запре.
Иако точниот износ на казната не е дефиниран во самиот закон, турските медиуми јавуваат дека прекршителите ќе платат 2.603 турски лири, односно околу 60 евра.
Дополнително, ќе се казнува и туркање или трчање кон излезот по слетување. Авиокомпаниите ќе бидат обврзани да објават јасно предупредување:
„Не станувајте и не се движете по ходникот додека не дојде вашиот ред за излез.“
Компаниите што нема да ги спроведуваат правилата исто така ризикуваат санкции.







