Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска: Знаеме што сакаме и посветено работиме на реализација на обврските

by
2025-05-13
in Uncategorized

Ние бевме првата земја што го заврши договорот за предфинансирање во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан, со што покажавме дека чекориме сигурно, знаеме што сакаме и посветено работиме со забрзана динамика на реализација на обврските, изјави за МИА министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која денеска во Брисел учествуваше на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери. 

– Мораме да имаме предвид дека оваа Влада се уште нема една година како функционира и сега во толку краток рок беше потребно да се воспостави комуникација внатре во институциите за тековни работи, а дополнително беа и барањата од Планот за раст. Затоа велам дека во периодот што следи очекувам да одиме дури и со позабрзана динамика, па се надеваме дека ќе си го вратиме она прво место што го имавме, особено што во однос на земјите од Западниот Балкан бевме пред сите. Тажно е да знаеме дека во изминатите години сме го изгубиле, но верувам дека за многу кус период ќе се вратиме на првото место во исполнувањето на обврските кои ни се зададени, рече Димитриеска-Кочоска. 

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Таа додаде дека Министерството за финансии одговори на бараните задачи во рамките на Планот за раст на Западниот Балкан, при што до крајот на минатата година биле извршени измени на 16 подзаконски акти, а се доцнело само со промената на Уредбата за јавни инвестиции поради објективни причини, бидејќи се преминува на нов начин на носење на одлуките за капиталните инвестиции.  

– Досега секој министер сам одлучуваше, а сега со таа Уредба ќе имаме централизирано тело кое ќе одлучува што е приоритет, што беше и барање на Европската Унија. И тоа го завршивме, рече Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека е значајно тоа што измените се извршени во рамки на планираното, бидејќи сите обврски се дефинирани со месечни рокови. Според неа, сето она што било договорено за до 31 март е веќе испорачано, за што заслуги имаат сите институции кои ги завршуваат работите на време. 

Министерката истакна дека токму Планот за раст, она што беше приоритетно и на што се работеше на него во изминатиов период, но секако и она што ќе следи во иднина, беше во фокусот на денешниот годишен состанок на министрите за финансии и на гувернерите на централните банки на членките на ЕУ и на регионалните партнери.  

– Ме радува фактот дека она што е наведено во Планот за раст е истото она што е и приоритет и на Владата на Република Македонија и генерално во таа насока се движеа и заклучоците на денешниот состанок, рече министерката за финансии. 

Димитриеска-Кочоска посочи дека тие наши приоритети се насочени кон создавање на поволно бизнис опкружување во кое ќе има предвидлива даночна политика и борба против сивата економија, како и кон спроведување на дигитална трансформација, која е неминовна ако сакаме сериозна борба со сивата економија и функционална администрација. Понатаму, меѓу приоритети, следи човечкиот капитал, кој е проблем речиси на сите земји, особено на Западниот Балкан поради недостигот на работна сила, потоа одржливата енергија и енергетската транзиција, како и функционирањето на правосудниот систем во државата. 

– Генерално и заклучоците на сите земји што учествуваа на денешниот состанок се движат во таа насока. Верувам дека и во периодот што следи, како и во изминатиот период, ќе бидеме една од првите земји која што ги испорачува барањата што стигнуваат од Брисел, рече Димитриеска-Кочоска, при тоа заблагодарувајќи им на вработените во Министерството за финансии за нивните заложби во изминатиот период, со што станавме прва земја што ги исполнуваше обврските. 

Една од главните теми на Економскиот и финансиски дијалог беше и зајакнувањето на конкурентноста во Европа, на што, според Димитриеска-Кочоска, посветено работи Министерството за економија, за која цел беа обезбедени и дополнителни средства наменети за инвестиции преку т.н. унгарски кредит. 

– Сето тоа е во насока на подобрување на конкурентноста на македонските компании, подобрување на продуктивноста и сите тие елементи, се со цел да ги исполниме задачите, рече Димитриеска-Кочоска. 

Според неа, жално е што во Планот за раст како обврски ни се запишани некои задачи што требало самите да ги оствариме, а не некој друг да ни каже дека треба да ги направиме. 

– За жал, сега се напишани и ние мораме да ги реализираме. Но, и да не беа напишани ќе мораше да ги реализираме, исто како што ако сакате да ја зајакнете својата извозна позиција, мора да ја подобрите конкурентност и да бидете конкурентни во однос на европските компании, нагласи Димитриеска-Кочоска. 

Министерката посочи дека во земјава се соочуваме со проблеми со продуктивноста и автоматизацијата и токму затоа е овој т.н. унгарски кредит, пласиран преку Развојната банка, со цел компаниите да имаат, што е можно повеќе, пристап до евтини извори на финансирања за автоматизацијата, за подобрување на продуктивноста и конкурентноста и за зголемување на извозот. 

Во врска со зачестените барање за зголемување на издвојувањата и инвестициите во одбраната и најавите за можна нова цел од страна на НАТО за раст на одбранбените трошоци на ниво на БДП од сегашните најмалку два, а на три, 3,5, па дури и пет отсто, Димитриеска-Кочоска истакна дека нашето членство во Алијансата значи и дека сме обврзани на некои работи што мораме да ги испорачаме и не може да се враќаме назад. 

– Прашањето е само колку ќе успееме за еден краток временски период да стигнеме во исполнување на тие обврски. Токму затоа Владата и е насочена во борба со сивата економија, корупцијата и криминалот, со цел да може повеќе да се полни Буџетот и за да може од тие средства повеќе да се одвојува за одбраната, а при тоа да не наштетиме на она што значи нормално функционирање – да има средства за здравството, за плати, за пензии, додаде Димитриеска-Кочоска. 

Таа потсети дека земјава е една од неколкуте членки на НАТО кои и сега ја исполнуваат обврската за издвојување на средства во висина од два отсто од БДП за потребите на одбраната. 

– Ние тука ја извршуваме нашата обврска, така како што сме ја договориле. Во периодот што следи ќе биде многу напорно, тука нема збор, тоа е огромен процент и дополнителна тежина на Буџетот, но ќе се трудиме во еден одреден временски период, бидејќи преку ноќ тоа не е можно, да ги оствариме тие проценти кои што ќе се бараат, заклучи Димитриеска-Кочоска во изјавата за МИА. 

Економскиот и финансиски дијалог е годишен состанок на ЕУ и партнерите – земјите од Западниот Балкан, на Грузија, Молдавија, Турција и на Украина, посветен на прашања од сферата на економската политика.  Покрај министрите за финансии и гувернерите на централните банки на членките на ЕУ и на партнерските земји, на Економскиот и финансиски дијалог учествуваат и претставници на Европската комисија, Европската централна банка и на Европска инвестициска банка. 

Previous Post

Бомба фрлена среде ноќ во угостителски објект во Прилеп

Next Post

МБИ10 стабилен на 10.796 поени, Комерцијална со најголем промет

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

МБИ10 стабилен на 10.796 поени, Комерцијална со најголем промет

Recommended

Пожари беснеат во Турција, Албанија и Грција – има жртви и уапсени

4 months ago

Мајката на Андреј од ДНК го барала во сите скопски болници, никаде го нема

9 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.