Пакистанската војска утринава соопшти дека во неодамнешните судири со Индија загинале 11 припадници на вооружените сили и 40 цивили.
Судирите избувнале во ноќта меѓу 7 и 8 мај, откако индиската армија лансирала повеќе проектили врз девет цели во Пакистан, кои, според индиските власти, претставувале „терористичка инфраструктура“. Нападот бил одговор на претходен терористички чин извршен на 22 април во индискиот дел на Кашмир, во кој загинаа 26 туристи.
Индиската страна го обвини Пакистан за организирање на нападот, но властите во Исламабад ги негираа наводите.
По неколку дена ескалација, Индија и Пакистан во саботата постигнаа договор за прекин на сите воени дејствија – на копно, во воздух и на море.






