ДУИ, откако го загуби владеењето, ја изгуби и контролата – сега зборуваат и врескаат како да се во полусон. Говорат нејасно, дејствуваат бесцелно и се однесуваат како без глава. Исцрпениот претседател на распаднатата организација ДУИ, Али Ахмети, наводно вреснал велејќи дека „еден наш повик предизвикува земјотрес“.
ВЛЕН сака да го потсети Ахмети и сите граѓани дека вистинскиот земјотрес се случи на 8 мај, кога гласот на Албанците ја симна ДУИ од власт по 20 години неуспеси, изолација и заробена држава. Тоа беше демократски земјотрес – чист, силен и моќен – што ја донесе промената за која заедно со граѓаните се боревме.
Што се однесува до повиците на ДУИ, граѓаните паметат повеќе отколку што Ахмети би сакал. Тој уште од септември минатата година најавуваше масовни протести. Започна со средби со граѓаните и доби јасен одговор – тотален бојкот. Салите беа сведени на училници, а училниците – празни. Токму тој бојкот го потресе Ахмети и тој се откажа од протестите.
Да, граѓаните повеќе не одеа на средби со ДУИ затоа што се чувствуваа ослободени – со својот глас ѝ го одзедоа на ДУИ алатот за уцена, власта.
ВЛЕН е и ќе остане гласот на надежта, на реформите и на правдата. Ние не сме тука за да создаваме „медиумски земјотреси“, туку за да изградиме функционални институции, да ја вратиме довербата во државата и да го ослободиме потенцијалот на младите, на жените и на сите Албанци во Северна Македонија.
Земјотресот се случи минатата година на 8 мај кога ја испративме ДУИ во опозиција. Сега ги расчистуваме урнатините од неуспешното владеење на ДУИ!






