Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планира да ја зајакне трговската соработка и со Индија и со Пакистан. Во објава на неговата платформа „Трут Соушл“, тој истакна дека ќе работи со двете земји со цел да се пронајде долгорочно решение за спорот околу Кашмир.
„Ќе соработувам и со Индија и со Пакистан за да видам дали по илјада години конечно може да се постигне решение за Кашмир“, наведе Трамп.






