Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ПОВЕЌЕ ОД 250 ВОЛОНТЕРИ ГО ИСЧИСТИЈА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ – ЗАПОЧНА НАЈГОЛЕМАТА ЕКО АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

by
2025-05-09
in Uncategorized

 Денеска, на Скопскиот Аквадукт стартуваше најголемата тридневна (9, 10 и 11 мај) годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска кампања од граѓани за граѓани), организирана од Мен Енд Маунтен заедно со нивниот главен стратешки партнер Пивара Скопје и официјалните партнери Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Бучим Боров Дол, Макстил, Саубермахер и Костал. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД се спроведува во сите општини низ целата земја со илјадници волонтери на повеќе од 500 локации. 

 

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина, како и од многу познати јавни личности. Над 20.000 волонтери ја чистат нашата татковина на повеќе од 500 локации во сите општини низ земјава, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, локални и урбани заедници, градинки, училишта, факултети и волонтери и националните паркови.

 

Со поддршка за еко акцијата со видео порака се огласи и Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која апелира до граѓаните да се вклучат: 

“Постојано зборуваме за зелени политики, а живееме во сиво црна реалност на убиствен воздух, загадени езера и реки, опустошени шуми и контаминирана почва. Не сакаме да се соочиме со тешката еколошка криза. Природата не може да биде жртва на профитната агресија. Доколку сакаме здрава иднина треба сите на 9, 10 и 11 мај да се обединиме во најголемата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, како доказ за национална одговорност и еколошка будност.“, вели Силјановска Давкова.

На отворањето на еко-акцијата – Генералка Викенд, на Скопскиот Аквадукт, каде собираа отпад над 200 волонтери, присуствуваа и: Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерката за образование и наука Весна Јаневска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, Директорката на секторот за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје, Снежана Савиќ Димовска, австрискиот амбасадор, Мартин Памер, Секретарот на Црвен Крст, Сузана ТуневаПауновска, Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, претставници од Управа за заштита на културно наследство, претставници од институции, претставници на амбасадите присутни во нашата земји, волонтери и повеќе јавни личности.

 

Како стратешки партнер на Генералка викенд, Пивара Скопје во овие три години, покажа дека компаниите имаат моќ да инспирираат промени:

„За нас, една ваква акција е повеќе од поддршка и бројки – тоа е одраз на нашата компаниска визија, одговорност и повик до сите останати заедно да бидеме двигатели на позитивни промени. Со личен пример и со заедничка акција ја менуваме свеста, инспирираме други и градиме подобра иднина и драго ми е дека сме успеале во тоа. Ова е еден од нашите начини да покажеме што значи вистинска општествена одговорност. Пивара Скопје секогаш избира да води со пример.“, вели Снежана Савиќ Димовска, Директорката на секторот за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје. 

Со поддршка на Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, за првпат, „Генералка викенд“ е вклучена и во едукативниот проект „Еко час“. Учениците од сите училишта ширум земјава добија за домашна задача на 9 мај заедно со своите наставници и професори да ги исчистат училиштата, на 10 мај учениците заедно со нивните семејства ќе ги чистат домовите и просторот околу нивните живеалишта, а на 11 мај учениците заедно со семејствата ќе ги чистат парковите и пикник местата во нивното опкружување. Нивна задача е да го фото-документираат чистењето и на првиот школски час да ги презентираат резултатите. 

„Образовниот систем ги насочува младите да се грижат за средината во која живеат. Наставните програми во сите одделенија содржат елементи, кои ја подигнуваат свеста за ризиците од загадувањето и поттикнуваат превентивно делување. Но, со повеќе партнери на образовните установи и добри иницијативи што лесно се препознаваат, еколошката едукација може постојано да се унапредува. Потврда за тоа е токму акцијата Генералка викенд, во која учениците масовно учествуваат“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Врз основа на меморандумот во траење од 10 години, кој Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми го склучија со Мен енд Маунтен, секоја година по завршувањето на еко акција Генералка викенд, во ноември се случува вториот дел од акцијата наречена СОНЧЕВА ГОРА, што подразбира пошумување на државно земјиште.

На секои 10 килограми собран отпад се посветува по едно дрво од годишните планови за пошумување. Во рамките на овие пошумувања во изминативе години беа засадени 125.000 садници на различни локации: околу езерото Младост во Велес, селото Ќојлија во општина Петровец, во близина на мегалитската опсерваторија Кокино и во општина Старо Нагоричане.

По овој повод првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г-дин Изет Меџити рече дека преку ваквите акции, заеднички покажуваме иницијатива, воља и подготвеност за соработка 

„На отпадот не му е местото на улица или во природа. Министерство за животна средина и просторно планирање ги поддржува сите акции во кои се покажува силна иницијатива, инклузивност и желба да бидеме дел од промените со кои ќе се овозможи подобра иднина за нас и за следните генерации. На нашиот пат кон Европа, треба да се однесуваме европски.“

Во изминативе четири години беа собрани 1 милион килограм отпад за време на Генералка викенд, досега земаа учество над 44.000 волонтери, исчистени беа повеќе од 1000 локации и засадени беа 125.000 дрвја. 

„Генералка викенд“ е најголемата и најмасовната волонтерска акција во земјава и регионот која испраќа силна и јасна порака дека загадувањето е заеднички непријател, а свесноста и ангажманот на граѓаните се клучни за промена. „Генералка викенд“ покажува дека кога цела земја се обединува околу една цел, можни се конкретни чекори кон почиста и одржлива животна средина.

Previous Post

Газа конечно добива хуманитарна помош? Луѓето во Газа умираат од глад

Next Post

Изненадување за Kаталонците: Барселона доби неочекувана понуда

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Изненадување за Kаталонците: Барселона доби неочекувана понуда

Изненадување за Kаталонците: Барселона доби неочекувана понуда

Recommended

Денеска го празнуваме Свети Климент, архиепископот Охридски и заштитникот на народот од страданија

Денеска го празнуваме Свети Климент, архиепископот Охридски и заштитникот на народот од страданија

4 years ago

ЌЕ НЕ СТЕГНЕ СУВ СТУД: Новата седмица ни носи температури и до -10 степени

10 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.