Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Скандал: Медицинска опрема од 19 милиони евра скапува в подрум оти нема стручен кадар

by
2025-05-08
in Uncategorized

Современа медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, не се користи доволно во јавното здравство поради необезбедени кадровски и просторни услови, објави Државниот завод за ревизија. Иако ЈЗУ се обврзани континуирано да ја одржуваат медицинската опрема во исправна состојба и навремено да ги евидентираат дефектите во системот Мој Термин, ревизијата утврдила дека постои недоволна ажурност и различна практика во спроведувањето на овие обврски, констатирал Државниот завод за ревизија.

Набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи, било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација. Поради ограничени буџетски средства, не е набавена дополнителната опрема потребна за користење на сите нејзини функционалности. За дел од набавените апарати е обезбедена основна обука од производителот, но е потребна и дополнителна специјализирана обука за одредени здравствени работници за да можат целосно да ја користат опремата. Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети.

Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности. Иако се набавени акцелератори и за други ЈЗУ, сите услуги во периодот 2021–2023 година ги обезбедува единствено Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде се третираат над 2.300 пациенти годишно, односно просечно се вршат околу 200 зрачни третмани на ден. Централизацијата на услугата доведува до преоптовареност на установата и персоналот, што може да влијае на континуитетот и квалитетот на третманот на пациентите.

На ниво на држава 9 ЈЗУ располагаат со 18 ангиографи ставени во употреба со вкупна набавна вредност од 12,9 милиони евра, од кои 10 се набавени во периодот од 2021 до 2023 година. Иако бројот на извршени услуги со ангиограф се зголемил за 68% во 2023 во споредба со 2021, утврден е незадоволителен степен на искористеност на дел од овие уреди, најчесто поради недостаток на стручен кадар и необезбедени просторни услови, како и поради отсуство на клинички патеки за вршење на овој вид услуги.

Во периодот опфатен со ревизијата, во овие установи се извршени 32.238 услуги со ангиограф, од кои половината се изведуваат на терциерно ниво, што создава висока оптовареност на кадарот и апаратите, особено во Клиниката за кардиологија која располага со 4 ангиографи. Услугите од интервентна радиологија се вршат во само две ЈЗУ од кои 81% се извршени како итни и прегледи без термин и како сервисни и интерни услуги. Процесот на закажување и евидентирање на услуги со ангиограф не е унифициран, а ЈЗУ не постапиле во целост по задолжението на Министерството за здравство за подобрување на системот за упатување и закажување преку „Мој термин“.

Во јавното здравство има 30 компјутерски томографи (КТ) уреди во 22 ЈЗУ, а во рамки на ревизијата се опфатени 11 ЈЗУ кои располагаат со 19 КТ уреди со вкупна набавна вредност од 14,5 милиони евра. Со извршената анализа на добиените податоци од ЈЗУ, регистарот на медицинска опрема и „Мој термин“, утврдено е дека побарувачката за КТ услуги е во постојан пораст. За дел од ЈЗУ, КТ уредите се користат со полн капацитет, но половина од нив се целосно амортизирани, што води до зголемени трошоци за одржување и чести дефекти, како што е случајот со КТ уредот во болницата во Струмица кој не функционираше речиси цела 2024 година. Дополнително, новите КТ уреди, набавени за обезбедување на подобра територијална распределеност на услугите, не секогаш се користат согласно капацитетот, а 2 КТ уреди во болниците во Тетово и Кочани не се ставени во употреба поради технички и кадровски проблеми. Се истакнува состојбата на користење на КТ уредите за итни и приоритетни услуги, што создава дополнителен притисок врз капацитетите и го зголемува ризикот од прекумерна изложеност на јонизирачко зрачење. Во поглед на објавувањето слободни термини за КТ услуги, само 3 од 22 ЈЗУ објавуваат број на термини кој е блиску до пропишаното, додека во 10 ЈЗУ термини се објавуваат значајно под пропишаните норми.

Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ) е единствен во државата каде се вршат современи дијагностички услуги за рано откривање на малигни заболувања, за што располага со Циклотрон за производство на радиоизотопи и ПЕТ/КТ скенер во вкупна вредност од 5,8 милиони евра. Во текот на тригодишниот период, реализирани се 6.457 снимања, со просек од околу 180 пациенти месечно. Снимањата се вршат со само еден ПЕТ/КТ скенер, со што не се користат целосно капацитетите на Циклотронот, кој може да произведе изотопи за поголем број снимања. Во текот на 2023 година, за потребите на јавното здравство за прв пат се набавени 4 мамографи со томосинтеза и стереотакса во вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Овие мамографи се инсталирани во 4 ЈЗУ и истите во редовни термини се употребуваат само за примарната намена – дигитална мамографија, но не и за дополнителните функционалности, томосинтеза и стереотакса, кои се користат само при спроведување на националниот скрининг за рак на дојка. Утврдено е дека ваквата состојба се должи на потребата од набавка на дополнителна опрема, неутврдени референтни цени од Фондот за здравство и немањето на соодветно обучен персонал за овој вид услуги.

Ревизорите заклучуваат дека континуираното зголемување на побарувачката за здравствени услуги и новата медицинска опрема во ЈЗУ не е проследено со соодветно зголемување на бројот на здравствени работници, што резултира со преоптовареност на постојниот кадар и недоволна искористеност на опремата.

Исто така, Држвниот завод за ревизија потенцира дека поради монополската позиција на овластените застапници за одржување и сервисирање за период од три години за дел од опремата трошоците се еквивалентни на вредноста на нова опрема од ист вид, како што е тоа случај со акцелераторите. Дел од КТ уредите и ангиографите, набавени пред повеќе од 10 години, често се расипуваат и не се во функција со месеци, па и со години. Во дел од ЈЗУ е утврдено присуство на нефункционална медицинска опрема која, и покрај започнати постапки, сè уште не е дислоцирана ниту соодветно третирана како отпад, вклучително и опрема што содржи радиоактивни елементи.

Previous Post

На кафе во Солун за помалку од два часа – граѓаните во исчекување на брзата пруга

Next Post

Либан: Израел изведе 14 напади

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Либан: Израел изведе 14 напади

Либан: Израел изведе 14 напади

Recommended

Дел од луѓето ќе мораат да ги вратат парите од скенираните сметки

Дел од луѓето ќе мораат да ги вратат парите од скенираните сметки

5 years ago
И ние си имаме гениј: 14-годишниот Алексиј од Аеродром со златен медал, на врвот со кинеските и руските математичари

И ние си имаме гениј: 14-годишниот Алексиј од Аеродром со златен медал, на врвот со кинеските и руските математичари

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.