„Мораме да се бориме заедно – решително, обединето и со сила“, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање објавено на социјалните мрежи.
Во говорот од Киев, тој остро ја осуди најавената парада во Москва, што ќе се одржи утре по повод Денот на победата, нарекувајќи ја „парада на цинизам и лаги“.
Зеленски нагласи дека додека Русија се обидува да ја прикрие агресијата зад историјата, додека Украина продолжува да се бори за вистинска слобода и правда.
Со своето обраќање, тој уште еднаш испрати јасна порака за единство и отпор, не само кон украинскиот народ, туку и кон меѓународната заедница.






