Еден ученик загина, а други двајца се повредени во напад со нож што се случил во средното училиште „Санта Ана“ во Јужна Калифорнија, соопшти локалната полиција.
Тројца ученици беа однесени во болница, каде едниот од нив им подлегнал на повредите, додека другите двајца се во стабилна состојба, изјави портпаролката на полицијата Натали Гарсија.
Инцидентот се случил додека учениците го напуштале училиштето по завршување на час. Во нападот учествувале и лица кои не биле ученици од училиштето. Полицијата бара најмалку две лица осомничени за нападот, а мотивите засега не се познати.
По инцидентот, сите наставни програми и спортски активности беа откажани.
Училиштето Санта Ана го посетуваат 3000 ученици.







