Ден на кој никој не сака да се сеќава, на 22 јануари 2001 година терористичка група на т. н. ОНА ја нападна со ракетен фрлач полициската станица, што се смета за почеток на вооружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а полесни повреди добија полицајците Борче Ѓуровски и Јахи Лика.
Одборот на бранители денесka во тетовско Теарце организираше одбележување на 20 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски со положување на цвеќе од страна на присутните.

-Момир Стојановски е првиот непребол меѓу сите останати паднати бранители во 2001 година и секој збор е премалку да се искаже тагата што повеќе не е физички меѓу нас, но и секој збор е премалку да се искаже гордоста што секогаш ќе биде дел од нас и ова парче земја. И после 20 години ние бранителите и граѓаните се сеќаваме на настанот како да беше вчера, а болката кон загинатите не поминува и денес. Вечно ќе бидеме нивни должници. Најмалку што можеме да направиме за нив е да не дозволиме никогаш да заминат во заборав, истакна Марин Најдов од Одборот на бранителите, пренесе Тетово инфо.






