Во Центарот за обука на МВР во Идризово, на спортското игралиште, денес се одржа централната прослава по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.
На настанот се обратија претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев.
Прославата беше проследена со присуство на министри, гости и претставници од дипломатскиот кор во земјава.
Во рамки на настанот беше организирана изложба и презентација на опрема од различни полициски единици.






