Тешка несреќа се случила вчера попладне во селото Алданци, Крушевско, кога седумгодишно дете ненамерно ја повредило својата 10-годишна сестра со автомобил, информира МВР.
„На 5.5.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општата болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 10-годишна малолетничка од од село Алданци, Крушевско. Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот 7-годишен брат случајно го стартувал возилото форд галакси, со клучот кој бил на бравата и ја прегазил ногата на девојчето“, соопшти полицијата.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.






