Со кочија и бел коњ, Спасен Силјановски пристигна во селото Велушина, каде што беше пречекан со аплаузи и топло добредојде од жителите. Настанот се одржа во дворот на манастирот „Св. Ѓорѓија“, каде што присутните му приредија свечен и емотивен пречек.

Присуството на Силјановски беше дочекано со голем интерес, а традиционалниот начин на пристигнување со кочија и коњ додаде посебен симболичен и културен белег на настанот. Манастирот и целото село беа во празнична атмосфера, оддавајќи чест и поддршка на неговото доаѓање.







