Во сторија на Канал 5 денеска, конечно исполнет аманетот во фамилијата на Симеон Дуковски – Дуке, за дресот кој никгаш не беше потпишан од Дарко Панчев, сега се исполни.
Некогашниот спортски судија на зелените терени Симеон Дуковски – Дуке пред да замине во пензија во 1991 година го добил дресот од фудбалската легенда Дарко Панчев. Дуке изумил да му побара на Панчев да се потпише на дресот, годините минувале и Дуке почина во 2012 година – но неговото семејство не се откажало да ја исполно неговата силна желба и денеска конечно успеле во намерите дресот да го потпише Панчев како аманет оставен.

„Тој се опрости од фудбалот. После десетина години јас станав негов зет и случајно разбрав од него дека од прошталниот натпревар има таков дрес, но никогаш го немав видено. Дури ми спомна: Да, дресот ќе ти го дадам кога ќе имаш син. Јас син немам, имам само една ќерка. Дуке почина 2012 година, пред девет години. После 30 години почнавме да растураме нешто, да чистиме, и во еден заостанат шифоњер го најдовме дресот. Си реков, ова е шанса да го најдеме Дарко и да го исполниме аманетот од Симе да се потпише тој дрес и да остане кај нас во нашата фамилија како фамилијарно наследство.“вели Васил Стамболиски, зет на Симеон Дуковски – Дуке.
Неговото семејство со радост го пречека овој чин од страна на легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев и со почитување ги чуваат сите експонати од Дуке во свој дом, како неговото свирче кое ја делеше правдата на фудбалските терени.

Имено последниот свиреж Дуковски го означил на 9 ноември 1991 година на ревијалниот натпревар помеѓу репрезентацијата на Југославија и репрезентацијата која ја составиле спортски новинари од Македонија.
Повеќе во прилогот на Канал 5 телевизија







