Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Жена која исчезнала пред 60 години пронајдена жива и здрава

by
2025-05-05
in Uncategorized
Жена која исчезнала пред 60 години пронајдена жива и здрава

Жената која исчезна пред 62 години пронајдена жива – Одри Бакеберг конечно лоцирана

Одри Бакеберг, која исчезна во 1962 година на 20-годишна возраст, пронајдена е жива и во добра здравствена состојба, соопштија американските власти, а пренесе Sky News.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Бакеберг го напуштила својот дом во Ридсбург, сојузната држава Висконсин, во јули истата година. Иако полицијата со години истражувала различни траги, случајот на крајот бил заборавен. Но, годинава случајот повторно бил отворен во рамки на анализа на нерешени исчезнувања, што довело до неочекуван пресврт.

Повторно отворање на случајот по шест децении

Како што соопшти канцеларијата на шерифот од округот Сок, еден детектив повторно ги прегледал сите досегашни докази и сведоштва. Благодарение на детална анализа и истражување, особено преку генеалошки платформи, детективот Исаак Хенсон успеал да ја пронајде Бакеберг, која денес има 82 години и живее надвор од државата Висконсин.

„Клучниот момент беше профилот на нејзината сестра на Ancestry.com. Тој ми овозможи пристап до податоци како посмртници, попис на население и други важни информации“, изјави Хенсон за локалната станица WISN. „Откако контактирав со локалната канцеларија на шерифот, десет минути подоцна таа ме повика. Разговаравме 45 минути.“

Причини за исчезнувањето

Според податоците на организацијата Wisconsin Missing Persons Advocacy, Одри Бакеберг била мажена и мајка на две деца кога исчезнала на 7 јули 1962 година. Тој ден излегла од дома за да ја подигне својата плата, но никогаш не се вратила. Нејзиниот сопруг тогаш контактирал со роднини, обидувајќи се да дознае каде се наоѓа.

Набргу по исчезнувањето, 14-годишната дадилка тврдела дека заедно со Одри стопирале до главниот град Медисон, од каде со автобус отпатувале во Индијанаполис. Тинејџерката изјавила дека се исплашила и решила да се врати дома, додека Одри одбила да ја следи и била последен пат видена кај автобуска станица.

Истата организација наведува дека нејзиниот брак бил исполнет со конфликти, а неколку дена пред исчезнувањето била поднесена и кривична пријава поради наводно семејно насилство. Иако семејството инсистирало дека никогаш не би ги напуштила своите деца доброволно, сопругот успешно поминал полиграфски тест и не бил поврзан со исчезнувањето.

„Живее поинаку и не се кае“

Детективот Хенсон изјави дека нејзиното заминување најверојатно било мотивирано од тежок семеен живот.

„Мислам дека едноставно одлучила да се повлече и да започне нов живот. Звучеше среќна и уверена во својата одлука – без никакво каење“, рече Хенсон.

Канцеларијата на шерифот потврди дека Одри самостојно ја донела одлуката да го напушти животот во Висконсин и дека во случајот не станува збор за кривично дело или насилство.

Previous Post

Зеленски предупредува: Москва подготвува провокации на 9 мај?

Next Post

Подгответе се за невреме: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Подгответе се за невреме: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Подгответе се за невреме: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Recommended

Дечињата од детскиот xop при xpaмот Св. Кирил и Методиј ги cтоплиja cpцата на прилепчани (Видео)

Дечињата од детскиот xop при xpaмот Св. Кирил и Методиј ги cтоплиja cpцата на прилепчани (Видео)

4 years ago

Села без одговор дали ќе остане во Европски фронт ако Тарави се приклучи

7 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.