Нападнат опозициски лидер во Турција – Озел удрен по глава пред камери
Еден од водечките опозициски лидери во Турција и претседател на Републиканската народна партија, Озгур Озел, денеска беше физички нападнат во Истанбул.
Инцидентот се случи за време на комеморацијата на покојниот Сирија Суреја Ондер, познат про-курдски политичар. Додека Озел го напушташе настанот, непознат маж го пресретна и го удри по глава, што беше регистрирано од телевизиските камери.
Според информациите од турската полиција, напаѓачот веднаш бил уапсен. За среќа, Озел не е сериозно повреден.

![Лидерот на турската опозиција нападнат во Истанбул – инцидентот забележан на камера [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-04-175334.png)





