Зеленски: Русија бара молк за 9 Мај, додека секојдневно не гранатира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на повиците од Москва за прекин на огнот на 9 Мај, предупредувајќи на континуираните руски напади врз украински градови и села.
– Русија бара тишина на 9 Мај, а секој ден ја гранатира Украина. Тоа е цинизам од највисок ред – порача Зеленски преку социјалните мрежи.
Според украинските податоци, само оваа недела Русија употребила повеќе од 1.180 дронови, 1.360 наведувани бомби и 10 различни видови ракети. Зеленски посочи дека ноќта на 4 мај се лансирани 165 дронови, а спасувачките служби интервенирале во Киев цела ноќ.
Наутро, руските сили продолжиле со напади врз Донецк и Суми, користејќи КАБ-муниција.
Зеленски повтори дека Украина е подготвена за вистински прекин на огнот, не симболичен, туку реален и секојдневен – со траење од најмалку 30 дена.
– Ако сакаме вистинска тишина, таа мора да почне веднаш – изјави тој, нагласувајќи дека Русија мора да престане со војната и постојаното гранатирање.






