Зеленски повторно со закани – овојпат кон земјите што ја поддржуваат Русија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави нов бран санкции насочени кон таканаречените „трети земји“ кои, според него, ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи постојните ограничувања.
Во изјава објавена на неговиот канал на Телеграм, Зеленски истакна дека украинските власти подготвуваат нови пакети санкции насочени кон држави што индиректно ја поддржуваат Москва.
– Подготвуваме пакети санкции за земји кои, за жал, ѝ помагаат на Русија да избегне одредени санкции – напиша украинскиот претседател, без да прецизира за кои држави станува збор.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио во април изјави дека Вашингтон е воздржан во проширувањето на санкциите кон Русија, со цел да не се загрози можниот мировен процес.
Од своја страна, Русија повеќепати нагласи дека ќе се справи со притисокот од санкциите воведени од „непријателските земји“, додека во западните кругови се сѐ почесто слушаат ставови дека ваквите мерки не го даваат посакуваниот ефект.







