ТВ исповед на Срѓан Керим за погрешно паркираното порше: Си ја платив казната, јас почитувам закони.
“Си ја платив казната за непрописно паркирање на шлеп службата. Ги платив трошоците на полицијата кои исто така се појавија. Значи онака како што налагаат прописите. Јас ги испочитував сите прописи и со тоа се заврши целата работа. Полицаецот влезе да праша чие е возилото, тоа е најнормално, затоа што дојдоа да го дигнат возилото, а стои пред локалот. Јас кажав дека мое е возилото и им реков да си постапат според позитивните прописи.” изјави Срѓан Керим.






