Денеска Истанбул повторно беше погоден од земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер, соопшти Турската агенција за управување со вонредни состојби и катастрофи (AFAD). Земјотресот се случил во 11:36 часот по локално време, со епицентар во Мраморното Море, во близина на Текирдаг, на длабочина од 18 километри.
Според експертот за земјотреси Ахмет Ерџан, станува збор за афтершок од силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени што го погоди Истанбул на 23 април. „Сега земјата се смирува. Нема причина за паника“, изјави Ерџан.
Од Опсерваторијата Кандили објавија дека денешниот потрес бил со интензитет од 4 степени и бил почувствуван и во околните провинции, меѓу кои и Истанбул.
Да потсетам, на 23 април Истанбул беше погоден од земјотрес со јачина од 6,2 степени, со епицентар на длабочина од само 10 километри. По тој настан, AFAD регистрираше неколку стотици последователни потреси долж брегот на Мраморното Море.






