Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев, попознат како Панчо од групата ДНК, по тешките повреди што ги здоби за време на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој после 40 дена на интензивна нега, сега е пренесен на оддел во болницата Систина каде ќе продолжи со лекувањето.
Обвинителството претходно соопшти дека тој е еден од осомничените во случајот, поради сомневање за внесување пиротехнички средства во објектот, што се смета за можен причинител на пожарот.
Во трагедијата животот го загубија 62 лица, а 197 беа повредени. Меѓу жртвите се и музичарот Андреј Ѓорѓиески, како и седум други членови од групата.






