На Македонците им беше понудено да ги вакцинираат лекари од црвените КОВИД зони во Србија ќе рече српската премиерка Ана Брнабиќ, пренесува Србија денес.
Таа посочува дека Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Северна Македонија и дека на соседната земја и било понудено лекарите од црвените зони да дојдат во Србија и да се вакцинираат таму.
Постои огромна борба за вакцините, може да има проблем, не станува збор само за купување и доставување на вакцината, потребна е регистрација, план за вакцинација … – рече Брнабиќ.






