Американски официјални лица ги финализирале новите економски санкции против Русија, кои вклучуваат мерки за банкарскиот сектор и енергетиката. Овие санкции се наметнуваат со цел да се зголеми притисокот врз Москва да ги прифати заложбите на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на тројца анонимни извор и еден извор запознаен со ситуацијата.
Меѓу целите на новиот пакет санкции се државниот руски енергетски гигант „Газпром“ и големи компании од секторите за природни ресурси и банкарство, изјавил функционер од администрацијата на претседателот.
Сепак, сè уште не е јасно дали Трамп ќе ги одобри предложените мерки, особено ако се има предвид неговото претходно позитивно гледиште на изјавите и дејствијата на Москва. Во последно време, тој покажал разочарување откако рускиот претседател Владимир Путин ги отфрлил неговите повици за прекин на огнот и започнување мировни преговори.
Советот за национална безбедност на САД се обидува да координира построги санкции против Русија, но одлуката за нивно спроведување ќе зависи исклучиво од Трамп. Како што наведува извор близок до процесот, тоа е целосно на претседателот да ја донесе конечната одлука.
„Претседателот беше јасен од самиот почеток во врска со својата посветеност за постигнување целосен и сеопфатен прекин на огнот“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џејмс Хјуит. „Не коментираме детали за тековните преговори.“
Министерството за финансии на САД, кое ја спроведува политиката за санкции, не се произнесе за извештајот.
Ако Трамп ги одобри овие нови санкции, тоа би можело да значи зацврстување на неговиот став кон Кремљ, особено по потпишувањето на договорот за минерали меѓу САД и Украина, кој тој активно го поддржуваше како дел од неговите напори за мир.






