Не сите кои вчера уживаа во природата, ја оставија чиста позади себе.
Некои ги насобрале отпадоците, но контејнерот, кој е на самиот излез од излетничкото место им бил далеку, па цели кеси се оставени потпрени на дрвјата во шумата во скопско Кучково. На други пак им било тешко било што да собираат, па оставале по зеленилото секакви отпадоци, од хартии и шишиња до ќебиња по грмушките. На едно место затекнавме и се уште топол жар кој во текот на ноќта можел да предизвика катастрофа.. Опушоците пак можат да се видат насекаде, пишува Канал 5.
Сепак, она што го затекнавме во Кучково не може да се спореди со тоа што го видовме на скопските улици.. Пластичарска, која е една од најфреквентните и е транзитна скопска улица е претворена во депонија, и тоа на само 50тина метри од амбасадата на нашиот најголем стратешки партнер САД.
Од фотелји, телевизори и гуми, па до цели полни вреќи со смет кои ги тераат луѓето да ја префрлаат улицата и каде нема пешачки премин, само да избегаат од лошата миризба која се шири од оваа мини депонија среде булевар, која е на само 2-3 минути од центарот на Скопје. На улиците се забележуваат и извадени преполни канти за отпадоци, за кои сопствениците, кои не сакаа да говорат пред камерата, велат дека им стојат надвор со денови оти нема кој да дојде да го собере сметот.
Целата вест на Канал 5





