Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, оценија ко-известувачите за Македонија во Собранието на Советот на Европа. Сепак, тие додаваат дека е потребно обединување за политичкиот услов на патот кон Унијата.
„Целосно ја поддржуваме кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и ги повикуваме сите политички партии да најдат компромис за спроведување на „францускиот предлог“ со вклучување на бугарското етничко малцинство во Уставот.“
Од друга страна, бугарските власти не попуштаат за условите. Бугарскиот претседател Румен Радев беше прашан дали по средбата со претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, е подготвен на отстапки какви што бара Македонија.
Тој повика Македонија „да не се вади“ на Бугарија ако не спроведува реформи од областа на вледеењето на правото, на што доби одговор од лидерот на владејачката бугарска партија, Бојко Борисов. „Ние воопшто не зборуваме за отстапки. Таков збор во мојот речник кон Република Северна Македонија не постои. Јас го разбирам целосно претседателот на Советот на ЕУ, зашто тој сака интеграцијата на Западен Балкан да биде забрзана.“, вели Румен Радев.
„Не сум го слушал. Веќе престанав да ги слушам. Тој секој ден вели нешто, што нема значење во практика.“, вели Бојко Борисов.
Бугарската еврокомесарка Марија Габриел сепак истакна дека Брисел и Софија се залагаат за проширувањето на Унијата, но судејќи по изјавата, тие не се обврзуваат со рокови.






