Светот во тага и неверување: Заменикот на Трамп со нова изјава за војната во Украина – пристигнаа најлошите вести
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека крајот на војната во Украина сè уште не се наѕира, и покрај тоа што двете страни веќе имаат јасна претстава за условите кои би можеле да доведат до мировна спогодба.
„Сега сè е во рацете на Русија и Украина. Тие знаат што е потребно за да се постигне мир, и одлуката е на нив,“ рече Венс во интервју за „Фокс њуз“. Тој нагласи дека и покрај тоа, „оваа брутална војна нема да заврши така брзо“.
Осврнувајќи се и на ситуацијата во Кашмир, Венс предупреди дека одговорот на Индија треба да биде внимателно испланиран за да не дојде до проширување на конфликтот во регионот. Тој изрази надеж дека Пакистан ќе соработува со Индија во справувањето со терористичките групи што дејствуваат од негова територија.






