Пакистан тврди дека соборил индиски дрон, се закануваат со одговор доколку бидат нападнати.
Пакистанската армија соопшти дека соборила „индиски дрон“ кој, според нивните наводи, се обидел да го наруши воздушниот простор на земјата долж тензичната Линија на контрола. Информацијата ја пренесе државната телевизија во Исламабад.
Овој инцидент доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу двете нуклеарно вооружени соседни држави. Пакистанскиот министер за одбрана неодамна предупреди дека сметаат оти индиски напад би можел да биде „непосреден“, истакнувајќи дека Исламабад ќе го разгледа целиот свој одбранбен арсенал, вклучително и нуклеарното оружје, доколку почувствува „директна закана по својот опстанок“.
Од другата страна, индиската војска го обвини Пакистан за огнена провокација со лесно вооружување долж Линијата на контрола во текот на ноќта на 29 април. Индиските сили, според изјавите на официјални лица, одговориле „умерено“ на нападот, јави Индо-Азијската новинска агенција, пренесува Newsweek.
Последните тензии меѓу Индија и Пакистан дополнително се вжештија по терористичкиот напад во Пахалгам, на територијата на Кашмир која се наоѓа под индиска контрола.







