Москва тврди: Нема одговор од Киев за директни преговори
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека досега од Украина не пристигнал никаков одговор на рускиот предлог за директни преговори. Според него, руската страна сè уште не добила официјален став од Киев во врска со ова прашање.
„До денес не сме добиле никаков одговор од страна на киевскиот режим“, изјави Песков пред новинарите, а пренесе агенцијата РИА Новости.
Песков додаде дека засега Москва не знае дали Украина ќе се приклучи на предложеното тридневно примирје по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, кое беше најавено по одлука на рускиот претседател Владимир Путин.






