Машката ракометна репрезентација си ја спаси честа и го продолжува престојот на Светското првенство во Египет, откако во последното коло од првата фаза го совлада директниот конкурент Чиле со 32:29.
И покрај катастрофалните партии против Шведска и Египет, подмладениот тим на Македонија ја исполни својата основна цел и со елиминацијата на Чиле обезбеди место меѓу најдобрите 24 репрезентации.
Во продолжението на првенството, Македонија ја чекаат натпревари против Белорусија, Русија и Словенија. Првиот меч е на програмата в среда.
Како вистински капитен, Кире Лазаров ги искара своите соиграчи. Тој им напомена –“Смирете се не шутирајте сега, не шутирате кога треба“ тоа беше советот на капитенот во 51.минута на тајм-аутот кога имавме ние опиплива предност.
Да се знае кој е капитен, да се знае кој треба да каже во вистински момент.






