На едно земјоделско земјиште во Франција откриени се повеќе од 150 тони злато, чија вредност се проценува на околу четири милијарди евра, јавува Anadolu.
Според извештаите на француските медиуми, земјоделецот Мишел Дупон го пронашол златото додека изведувал земјоделски работи во регионот Оверња. Овој необичен наод го привлекол вниманието, па Дупон повикал геолози кои по извршениот увид потврдиле дека на неговото земјиште има повеќе од 150 тони злато.
Откриеното злато се проценува на вредност од околу 4 милијарди евра, што го прави ова едно од најголемите откритија на злато во Франција во последните години.
Сепак, официјалните власти сѐ уште не дозволиле ископување на златото на земјата на Дупон, бидејќи се потребни дополнителни истражувања за да се обезбеди заштита на природата во оваа област. Во Франција, ископувањето злато е под надлежност на владата.
Иако економските експерти сметаат дека ископувањето злато би можело да има значителен придонес за регионалната економија, вклучувајќи вработување на стотици луѓе, екологистите предупредуваат дека ваквата активност може да има сериозни негативни последици по природата.







