Спасен Силјаноски, Методија Столески и Престиж Бенд со голем успех ја завршија својата австралиска турнеја, крунисувајќи ја со последниот концерт пред полна сала во Клуб Вардар во Перт. Неверојатното музичко патување броеше четири распродадени концерти и две полни сали, потврдувајќи ја нивната популарност и силната поврзаност со македонската дијаспора.

Организаторот Република Ентертејнмент им се заблагодари на сите што присуствуваа на концертите низ Австралија, истакнувајќи дека без поддршката на публиката овој успех немаше да биде возможен.

Посебна благодарност беше упатена до Спасен Силјаноски и неговиот бенд Престиж за нивните импресивни настапи кои уште еднаш го потврдија статусот на Силјаноски како еден од најдобрите македонски артисти и изведувачи. Исто така, со големо воодушевување беше поздравен и дебито настапот на 22-годишниот Методија Столески, кој со својот исклучителен вокален талент најави блескава музичка кариера.

Голема благодарност беше упатена и до поддржувачите на турнејата: МКУД Бисер Волонгонг, Мак Ивентс, Арена Ивентс, Рокдејл Илиндeн Фудбал Клуб, МКУД Илиндeн Сиднеј, КУД Разиграна Македонка и Фераро Рисепшнс, чиишто напори и посветеност оставија неизбришлива трага во организацијата на овие незаборавни настани.

Од секој град беа споделени и фотографии од концертите, за да ги пренесат убавите моменти до сите оние кои беа дел од оваа неверојатна авантура.
До следната средба!







