На 23/24.04.2025 во периодот од 22.00 до 03.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на СВР Тетово, при што во содејство со инспектори од Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Трудова инспекција извршиле контроли во спортски обложувалници, казина и други објекти. При контролата, во две спортски кладилници биле констатирани прекршоци во надлежност на другите институции кои презеле мерки согласно законот. Додека, во едно казино на улица „Илинденска“ се затекнати и поради непријавен престој во државата се приведени К.Л.(24), В.Х.(20) и И.Х.(24), тројцата од Република Албанија. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







