„Како што кажа и Кузмановски, не треба да бараме алиби за лошиот настап.
Едноставно не одигравме како што требаше, како што беше договорено, не бевме борбени во одбрана и сигурни во напад. Знаеме дека од нас се очекува да играме добро, да победуваме. Верувајте, и ние сакаме, но треба трпение.
Самите сме виновни, но пак ќе речам имајте трпение со нас, ни треба уште време за да се изградиме и да преземеме сè во наши раце“, рече Талески.
Македонија запиша висок пораз на отворањето на Светското првенство во Египет, откако со 32-20 го загуби натпреварот против селекцијата на Шведска.






