Рускиот претседател Владимир Путин наводно понудил да ја прекине инвазијата на Украина долж тековната фронтова линија, во рамки на напори за постигнување мировен договор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.
Според наводите, Путин му соопштил на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, на средба во Санкт Петербург дека Москва би можела да се откаже од барањата за анексија на делови од четирите делумно окупирани украински региони кои сè уште се под контрола на Киев.
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, потврди дека Виткоф ќе отпатува во Русија оваа недела за директни разговори со Путин. Таа изјави дека се надева на позитивен напредок и додаде дека Трамп е фрустриран од двете страни поради продолжените борби.
Според аналитичарите, најголемото барање на Владимир Путин е Вашингтон да ја признае руската сопственост на полуостровот Крим.






