Еден од најголемите магацини за муниција на руската армија гори. Локалните власти започнаа со евакуација.
Силна експлозија одекна во вторникот во рускиот град источно од Москва, каде што се наоѓа арсенал на оружје. Станува збор за една од најголемите складишни локации на воена опрема во Русија.
Локалните власти прогласија вонредна состојба во регионот Владимир. Руските власти започнаа евакуација на населението од околните подрачја, пишува Ројтерс.
Гувернерот на Владимир, Александар Авдеев, изјави дека дошло до експлозија во округот Киржач и дека итните служби се упатиле кон местото на настанот.
Доколку овие засега неофицијални информации се потврдат, ова ќе биде еден од најголемите досега забележани загуби на руската воена логистика на сопствена територија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година.






