Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (синџири) за сите сите моторни возила, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ .
Снег со послаб интензитет паѓаше во текот на денот на повисоките места низ државата, а попладнево неговиот интензитет се засили.
Засега нема информации за евентуален прекин на сообраќајот на некои патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Снег врне на цела територија во Р.Македонија.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk






