Москва отворена за разговори со Киев околу ненапаѓање на цивилни цели
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска дека изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за можноста за билатерални разговори околу ненапаѓање на цивилни цели, конкретно се однесувала на потенцијални преговори со Украина.
„Кога претседателот зборуваше за можноста за дискусија по ова прашање, мислеше конкретно на разговори со украинската страна,“ истакна Песков, пренесе агенцијата Интерфакс.
Тој потсети дека Путин и претходно повеќепати изразил подготвеност за преговори со Киев.
Руската страна, според зборовите на Песков, внимателно ќе го анализира предлогот од Украина за заемно воздржување од напади врз цивилна инфраструктура.
„Тоа е тема што бара детална анализа и темелно разгледување, можеби дури и на билатерално ниво,“ изјави претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин.







