Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека има намера да присуствува на погребот на папата Франциско, кој почина во понеделник наутро на 88-годишна возраст.
„Јас и Меланија ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим“, напиша Трамп на Truth Social.
Претходно во понеделникот, американскиот претседател нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје на сите јавни згради во САД во знак на почит кон папата Франциско, кого го нарече „добар човек“ кој „напорно работеше“.
Датумот на збогувањето на папата Франциско сѐ уште не е познат.






