Зеленски: Русија не беше подготвена ниту за привремено примирје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не успеала да одговори ниту на предлогот за 30-дневно примирје по Велигден, ниту на поограничениот предлог – привремено прекинување на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Овој ден не беше доволен за Москва. Не одговорија ниту на иницијативата за целосно 30-дневно велигденско примирје, ниту на ограничениот предлог за воздржување од ракетни и беспилотни напади врз цивилни цели,“ напиша Зеленски на платформата „Икс“.
Тој нагласи дека Русија дури 3.000 пати го прекршила сопствениот прекин на огнот токму во текот на велигденските денови.
„Природата на украинските дејствија ќе остане симетрична: на прекин на огнот ќе одговориме со прекин на огнот. На напад – со одбрана. Бидејќи делата зборуваат погласно од зборовите,“ порача Зеленски.







