Русија го продолжи военото дејствување по истекот на велигденското примирје
Руските вооружени сили продолжија со изведување на воените операции веднаш по истекот на привременото примирје, кое беше во сила од 19 до 21 април на полноќ, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.
Според соопштението, велигденското примирје, прогласено лично од рускиот претседател Владимир Путин, завршило во предвидениот рок, пренесе агенцијата РИА Новости.
„По истекот на примирјето, Оружените сили на Руската Федерација ги продолжија активностите во рамки на специјалната воена операција“, се наведува во соопштението на министерството.
Министерството додаде и дека во текот на примирјето било забележано значително намалување на интензитетот на борбените активности од страна на украинските сили, пренесе Интерфакс.
„Интензитетот на огнот и борбените дејства на противникот долж целата фронтовска линија беше значително намален“, стои во извештајот, пренесе Танјуг.







