Мислиш дека можеш без вода? Размисли повторно.
Ако си од оние што чувствуваат жед само кога ќе се нафрлат на лута храна или кесичка чипс – или можеби после чинија шпагети и една добра палачинка со чоколадо – време е да го преиспиташ односот со водата. Наједноставен трик? Висока чаша со сламка. Стави ја до тебе додека работиш пред компјутер и само потпирај ја вилицата – ќе се изненадиш колку лесно ќе ја испиеш без да забележиш.
Знаеш ли дека темната, жолта урина не е единствениот знак дека телото ти е жедно? Експертите велат – кога си дехидриран, цел систем ти работи на резерва. И не зборуваме само за тоа што ти се суши устата. Дехидрацијата може да предизвика сериозни проблеми: топлотен удар, изнемоштеност, па дури и напади или – во екстремни случаи – нешто многу полошо.
Па, ајде да видиме – дали телото ти праќа сигнали дека му фали вода?
4 не баш очигледни знаци дека не пиеш доволно вода:
1. Лош здив
Да, не е до четката за заби. Кога не пиеш доволно вода, телото не произведува доволно плунка, која инаку се бори со бактериите во устата. А без плунка – здивот ти страда. Решение? Испиј чаша вода. Едноставна работа.
2. Ненадејна глад
Телото понекогаш мисли дека е гладно, а всушност само сака вода. Црниот дроб кога нема доволно течности, праќа сигнал до мозокот – и тука се појавува таа ненадејна желба за грицки. Пред да се нафрлиш на фрижидерот, пробај со чаша вода.
3. Не се потиш, дури ни кога вежбаш
Ако вежбаш, а од тебе не излегува ни кап пот – аларм! Тоа значи дека си сериозно дехидриран и телото веќе штеди на секоја капка. Опасно.
4. Кожата ти е мрзоволна
Направи еден брз тест – уштине си ја кожата на раката. Ако не се враќа веднаш назад како што треба, тоа е знак дека телото вика за вода. Кожата без влага ја губи еластичноста, па се однесува како да ѝ е доста од се’.
Накратко: телото ти постојано ти зборува. Прашање е само – дали го слушаш? Не мора секогаш да е голема чаша вода со лимон и лист од нане. Почни со едноставно: повеќе вода, помалку изговори.






