Според фенг шуи: Овие предмети во домот привлекуваат несреќа и лоша енергија
Фенг шуи, древна кинеска техника за уредување на животниот простор, учи дека енергијата што кружи низ домот директно влијае на нашата среќа, здравје и хармонија. Одредени предмети и нивната поставеност можат да создадат негативен енергетски набој и да донесат немир во семејството. Еве на што треба да внимавате:
1. Облека за перење оставена во агол на собата
Ако во некој агол стои куп валкана облека, според фенг шуи тоа е место каде што „истекува“ позитивната енергија. Секој дом треба да има јасно определен простор за складирање облека за перење, далеку од дневниот престој.
2. Чевли пред врата
Без разлика дали се работи за влезната врата или некоја внатрешна, оставените чевли – особено ако се валкани – делуваат како енергетски „вампири“ и го блокираат протокот на добра енергија.
3. Насобрани стари книги и хартија
Ако ги чувате – нека бидат на уредени полици. Размрдани низ просторот, овие предмети создаваат хаос и внесуваат ментална и емоционална напнатост.
4. Оштетени садови и чинии
Иако можеби се омилени, оштетените садови се симбол на недостаток и прекин. Нивното користење, според фенг шуи, може негативно да влијае врз кариерата или финансиите.
5. Празни тегли со сол, шеќер и ориз
Иако изгледа безначајно, празните тегли во кујната симболизираат празнина во домот и недостаток на благосостојба. Се верува дека тие влијаат врз семејната среќа и хармонија.
6. Кревет или кауч под дрвена греда
Дрвените греди често се користат како естетски елемент во домовите, но според фенг шуи, спиењето или седењето под греда создава чувство на притисок. Негативната енергија – таканаречените „отровни стрели“ – се насочени директно кон оној што се наоѓа под нив.






